| четврток, 6 декември 2018 |

Името Македонија повторно се користи за напад врз Самарас

grcijaСамарас ќе го продаде името „Северна Македонија“ на Скопје, повторно обвинува лидерот на грчката партија Независни Грци Панос Каменос.

Во изјава за грчкото радио „Алфа 9,89“, Каменос рече дека грчкиот премиер „се крие како зајак и не се осудува да дојде во Парламентот да одговори на прашања поврзани со прашањето за името на Скопје“.

Обвинувајќи го за повеќе актуелни проблеми во Грција, лидерот на Независни Грци изјави дека Самарас е премиер кој секојдневно го лаже Парламентот и грчкиот народ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top