| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски и СДСМ неодлучни, Шиповиќ и предавник и херој

Градоначлникот на општина Центар Андреј Жерновски и СДСМ еден ден го сметаат Мирослав Шиповиќ за предавник, а веќе следниот ден е нивниот херој. Тие на јавноста се должни да и одговорат,  дали Шиповиќ е предавник или спасител?

miroslav-sipovic-639x320

По вчерашната седница на Советот на Општина Центар, не престануваат разногласијата кои доаѓаат од коалицијата предводена од СДСМ, пишува Курир. Во текот на вчерашниот ден, по завршувањето на седницата и усвојувањето на дневниот ред, при што не учествуваа советниците од редовите на коалицијата предводена од СДСМ и градоначалникот Жерновски, во јавноста истите излегоа со груби напади врз нивниот сопартиец Мирослав Шиповиќ. Тој беше на мета и на сите проопозициски медиуми кои не пропуштија да го обвинат дека поради неговото учество во гласањето се изгласани ДУП-овите во Центар.

-Ја напуштам седницата бидејќи се работи на незаконски начин. Граѓаните ќе можат да видат кој утре ќе биде одговорен за тоа што ќе се случува на падините на Водно. Секој што ќе гласа, ќе треба понатаму да живее со својата совест – рече градоначалникот на Центар, алудирајќи  на Шиповиќ. Тој исто така му порача на Шиповиќ “Не ти се лутам тебе, туку на оние кои ти го сторија тоа. А тие… треба едно да знаат- на крајот на денот, сите си ја плаќаме сметката“.

Од советничката група на СДСМ и коалицијата во Центар, истиот ден излегоа со изјава во која рекоа дека се обиделе да направат се за да ги тргнат од дневен ред спорните детални урбанистички планови. Одговорноста за овој скандалозен потег, според нив,  останува на ВМРО-ДПМНЕ и на оние кои ги поддржаа советниците на Груевски, повторно мислејќи на Шиповиќ.

Советот на општина Центар ги усвои ДУП-овите со 11 гласови „за“ и еден против. Против изгласувањето на точките беше Претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ.

До крајот на денот Шиповиќ беше сатанизиаран од СДСМ и од Жерновски и во јавноста и кај членството преставен како предавник, за веќе утрово да се претвори во човек кој го спасил Водно.

СДСМ денес целосно го смени својот став. Тие доживеаа “политичко просветление“ и преку ноќ  го сменија толкувањето на Законот за локална самоуправа и Деловникот на општина Центар.  Според нивното видување денес,  токму гласот “против“ на Шиповиќ бил клучен ДУП-овите да не поминат.

– Урбаната мафија не успеа!Го исполнивме нашето ветување пред граѓаните на Центар и Скопје:Советниците на СДСМ и коалициските партнери ги спречија бизнис – интересите на власта.- соопштија денеска од СДСМ.

Јавноста е зачудена. Пред легнување Шиповиќ беше предавник, а утрово е спасител. Што ли се случува во редовите на СДСМ и коалицијата во Центар. Кој ли ќе биде предавникот до вечер? Очигледно во нивните редови законите еден ден се читаат на еден начин, другиот ден на друг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top