| четврток, 6 декември 2018 |

Уго Чавез е мртов четири дена?

Панамскиот дипломат Гиљермо Кохес тврди дека претседателот на Венецуела Уго Чавез е мртов веќе четири дена.

Кохес за панамскиот весник Ла Естреља изјавил дека Чавез доживеал мозочна смрт уште на 30 декември минатата година, а официјално бил прогласен за мртов пред четири дена, кога неговите ќерки наводно побарале од лекарите да го исклучат од апаратите за одржување во живот.

Дипломатот тврдел дека неговите извори од венецуелската влада потврдиле дека Чавез е мртов, напоменувајќи дека таа информација со недели кружи низ владејачките политичари во Венецуела. И покрај тврдењата на Кохес кои ги пренесоа многу медиуми во Јужна Америка, се уште нема официјална потврда дека Чавез е мртов.

Неговите тврдења се контрадикторни со фотографиите објавени на 15 јануари на кои Чавез е прикажан во болнички кревет со неговите ќерки, а во рацете држи весник од тој ден. Дипломатот тврди дека фотографиите се фотомонтажа, а како доказ повеќе за тоа бил фактот дека една од ќерките на Чавез неодамна имала пластична операција на носот што не се гледало на сликите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top