– Шефовите на мисиите на американската Амбасада во Скопје, на Европската Унија и на ОБСЕ објавија соопштение на 27 февруари, во кое повикуваат на итни мерки за да се надмине актуелната политичка блокада. Продолжуваме да ги повикуваме Владата и опозицијата во Македонија да постигнат решение, изјавија во Стејт департментот на прашањето на МИА по најавите за бојкот на локалните избори од страна на дел на опозицијата во Македонија.
Ден претходно, шефовите на дипломатските мисии во Скопје во заедничко соопштение (второ во рок од две недели) оценија дека се загрозуваат аспирациите на граѓаните за подобра иднина и политичката стабилност на земјата, и ги повикаа политичките лидери да и стават крај на политичката криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.