Настапот на Даниел Кајмакоски најави одлична забава и фестивал на пивото за кој уште долго ќе се зборува.
Публика во огромен број со овации го пречека својот миленик. Најголемиот дел од нив беа тинејџерки и мали деца, фанови на новата македонска ѕвезда.
Песните што тој ги изведе го здрмаа Прилеп. Десетици илјади гласови се претопија во еден. Девојчињата од публиката со пружени раце кон својот идол, врискаа за само еден поздрав. Голем дел од нив со солзи во очите го следеа секој негов чекор.
За Даниел огромната сцена беше претесна, па тој најголемиoт дел од својот настап го помина долу за да биде поблиску до публиката.
Она на што му замерија повозрасните фанови е дека тој вечерва не изведе ниту една песна на македонски јазик.
„Курир“ е еден од најголемите музички покровители и пријатели на „Пивофест“ – Прилеп.
Фото: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.