| четврток, 6 декември 2018 |

Пецаковски се сели во Ал Васл од Дубаи

Досегашниот играч на РК Металург и член на македонската ракометна репрезентацијата Дејан Пецаковски својата кариера ќе ја продолжи на Блискиот Исток односно во Ал Васл од Дубаи.
Левиот бек не добиваше доволно минутажа од тренерот на Металург, Лино Червар, и побарал од клубот спогодбен раскин на договорот за да може без пречки да се пресели во Дубаи.
За Пецаковски беа заинтересирани повеќе клубови од Макеоднија, но тој одлучи да се пресели во Ал Васл добивајќи одлична финансиска понуда.
Честите повреди го спречија да се наметне во македонскиот шампион, а со доаѓањето на неколку играчи на неговата позиција во Металург крајот на соработката беше неминовен.

– Соработката со Металург ја раскинавме спогодбено. Сега потпишав за Ал Васл од Дубаи, тоа е амбициозна екипа со која се надевам претстојната сезона ќе успеам да го подигнам шампионскиот пехар – изјави Дејан Пецаковски за весникот „Македонски спорт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top