| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиев: Посветено и одговорно однесување во процесот со еврообврзницата

aleksandar_2609_g11_5
Владата засега нема да соопштува детали во врска со процесот за издавање еврообврзница, поради природата на процесот, ценовната сензибилност и влијанието на целиот процес со истакнување определени информации кои, како што вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, можат да бидат инсајдерски.
Ѓорѓиев денеска изјави дека се работи за процес во којшто во определен момент треба да се балансираат информациите коишто се соопштуваат.

– Апелирам и повикувам сите субјекти кои што имаат определена општествена одговорност посветено и одговорно да се однесуваат кон овој процес затоа што тоа би можело да има влијание на определени други аспекти во процесот. Интенција на Владата, институциите и на
медиумите е да се обезбедат најдобри услови затоа што тоа ќе биде во корист на сите граѓани – потенцира Ѓорѓиев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top