Неспособноста во дипломатијата не се покрива со домати. Домат дипломатијата и прави штета на Македонија. Скапаа доматите од годинешната реколта, а Зоран Заев и Никола Димитров не успеаја да испорачаат реформи за преговори со ЕУ. ЕУ бара резултати, а не препродавачи на име и домати. Домат дипломатијата на Димитров го доживеа својот дебакл. Доматите кои требаше да патуваат во ЕУ остануваат скапани за Димитров и Заев. Ќе скапуваат уште најмалку година ипол, а со неспособната и расипничка власт загрозени се и наредните реколти, истакна Филип Ѓорѓиев на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.
-Не само што не може криминалот и корупцијата да ги покријат со трудот на земјоделците, туку не им помогна ни обидот заедно со доматите да го понудат македонското име и идентитет. Господине Димитров, младите немаат ама баш никаква корист од вашата домат дипломатија. Македонија останува закопана и обезличена заради вашата неспособност која ја компензирате со крајна несериозност. Знаеме дека не сте се мрднале од скапите фотелји за да ја видите маката на земјоделците, да произведат гајба домати и дека мува не ве лази дали и во наредната година тие ќе имаат пласман или ќе ги продаваат по рекордно ниски цени кои не ги покриваат ниту трошоците на производство, рече Ѓорѓиев и додаде:
-Младите се загрижени. Наместо вие да се подбивате со државата и да нудите домати за членство во ЕУ, ние Ви купивме домати и Ви ги оставивме само да си заминете и да престанете да и правите штета на државата. Ветивте почеток на преговорите, а ни донесовте само грчка салата платена со името Република Македонија. Ви посакуваме успех во натамошната кариера која се надеваме дека ќе ја продолжите како раководител на производство на туршија во „Мамас“ кај Заеви“-рече Ѓориев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)