| четврток, 6 декември 2018 |

МФ: Еврообврзницата е издадена по сите закони и процедури, СДСМ треба да знае, бидејќи ја издаде првата

Ministerstvo za finansii (3) (Custom)

Настојувањето во јавноста да се фрли сомнеж на законитоста на издавањето на еврообврзницата со извртување на вистината, е само недостоинствен обид на СДСМ за дневно-политички маркетинг, реагира Министерството за финансии (МФ) по денешното соопштение на опозициската партија.

– Министерството за финансии повеќе пати истакна дека правното мислење е усогласено и со светски реномираните банки преку кои е издадена обврзницата и со Министерството за правда, како и дека процедурата за издавање на еврообврзницата соодветствува со сите претходно издадени еврообврзници. СДСМ треба да има кадри кои ја знаат постапката, со оглед на тоа дека во време на нивно владеење беше издадена првата еврообврзница, наведува МФ и додава дека е целосно посветено на почитување на принципите на законското и транспарентното работење во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top