| четврток, 6 декември 2018 |

Масакрот во Швајцарија го извршил косовски Албанец

42 годишниот Виктор Бериша, косовски Албанец, е човекот што утрово уби тројца, а тешко рани седум вработени во фабриката за дрво во близина на Луцерн, Швајцарија, јавува швајцарскиот весник Блик.

Според Блик, Бериша работел седумнаесет години во фабриката и важел за мирен и повлечен човек. Утрово дошол на работа околу 9 часот, влегол во фабричката кафетерија, извадил пиштол и почнал да пука во вработените од засега непознати причини.  Меѓу убиените бил и Бериша, но не се знае кој пукал во него.

Полицијата ги истражува причините за масакрот, а според првичните информации тој претходно имал несогласувања со некои од колегите.

Министерката за правда Симонета Сомаруга нагласила дека истрагата треба да покаже какви заклучоци треба да се донесат по овој инцидент и дека сегашниот закон за оружје мора да се менува. Во Швајцарија има околу 2,3 милиони парчиња огнено оружје меѓу граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top