
Во меѓународното жири на 44. издание на најголемиот фестивал за деца и млади „Џифони искуство“ во Џифони, Италија, годинава Македонија ќе биде застапена со 12 претставници, четири пати повеќе од вообичаениот број од по тројца претставници од секоја земја, соопшти денеска Агенцијата за филм на РМ.
Во жирито ќе учествуваат младите Ања Димова, Бисера Самарџиева, Леон Ристов, Дамјан Јорданов, Лина Ламбринидис, Исидора Цветковска, Мартина Величковска, Вера Покоова Дел Масчио и Анастасија Новевска, Дарио Тодоровски, Катарина Величковска и Јована Мирчевска.
Заедно со децата од 41 земја во светот во период од денеска до 27-ми овој месец ќе учествуваат во работилниците и дискусиите на разновидни теми по проекциите на фестивалот, чија тема оваа година е „Биди поинавов“. Ќе имаат можност да се запознаат и дружат со познати светски филмски звезди.
На денот посветен на Македонија на фестивалот на 24. овој месец ќе учествува делегација од преставници од Агенцијата за филм, Министерството за култура, Здружението за ширење на филмска култура Џифони М.
Денот на Македонија ќе опфати богата програма како: ревија на македонски филмови, музика на Мухамед Ибраими, изложба на фотографии со убавините на Македонија и македонски производи (вино од винарија Тиквеш, ајвар и малиџано од Мамас и сирење од млекара Здравје Радово)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


