| четврток, 6 декември 2018 |

Робињо по стапките на Кака

И другиот Бразилец по Кака што го напушта Милан ќе го направи истото како поранешниот клупски колега пред да го засили тимот од американската МЛС лига.

Со оглед дека Орландо ќе се приклучи во натпреварувањето во март 2015 година, Робињо тој период ќе го помине во својот матичен тим Сантос, исто како и Кака кој до наредната пролет ќе игра за Сао Пауло.

Откако ќе им помогнат на тимовите во бразилската лига да остварат што подобри резултати, Кака и Робињо следната сезона повторно ќе играат заедно во Орландо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top