Некогашниот најдобар фудбалер во светот, Бразилецот Кака, може по трети пат да стане член на Милан. Toj би можел да ја заврши кариерата во црвено-црниот дрес, за потоа да ја преземе директорската функција во клубот, пренесуваат италијанските медиуми.
Бразилецот, кој пред неколку дена се опрости од Орландо и МЛС лигата, беше член на Милан од 2003 до 2009 година и со росонерите освои Лига на шампиони, Скудето, Клупско светско првенство и италијанскиот и европскиот Суперкуп.
Тој во Милан се врати во 2013 по четири години минати во Реал Мадрид. Кака е еден од четворицата фудбалери во историјата кој освоил Лига на шампиони, Светско првенство и Златна топка, заедно со Роналдињо, Ривалдо и Зинедин Зидан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим