| четврток, 6 декември 2018 |

Робињо осуден на 9 години затвор!

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Милан, Робињо денес беше осуден на 9 години затвор поради сексуално малтретирање.

Имено, Бразилецот беше обвинет за сексуално насилство кое го извршил во 2013 година додека играше за Милан.

22-годишна девојка од албанско национално потекло го обвини Робињо дека заедно со уште петмина други сексуално ја злоставувал.

Денес судот во Милано го прогласи фудбалерот за винаовен и го осуди на 9 години затвор, пренесува „Спортмедиасет“.

Робињо се уште е активен фудбалер и моментално настапува во дресот на Атлетико Минеиро во својата татковина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top