| четврток, 6 декември 2018 |

Мајсторот останува мајстор, Кака од слободен удар му донесе бод на Орландо (видео)

kaka

Бразилскиот ас Кака ја почна одисејата во САД во МЛС со гол од слободен удар во судиското продолжение во својот деби-натпревар за тимот на Орландо.
Поранешната ѕвезда на Милан и на Реал Мадрид му донесе бод на својот тим против Њујорк Сити пред своите гледачи (1-1) иако неговиот тим мечот го заврши со играч помалку бидејќи во 83. минута Колин беше исклучен поради директен црвен картон.
Сепак, голот оди на душа на живиот ѕид бидејќи топката се одби на него и го измами голманот на Њујорк. Тоа не беше пречка Кака да го прослави погодокот со 62-илјадната публика на стадионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top