| четврток, 6 декември 2018 |

„Хуриет“: Двајца Турци се дел командниот состав на ИДИЛ

Турското разузнавање утврди дека во џихадистичката организација Исламска држава во Ирак и Левантот (ИДИЛ) има двајца турски команданти, пишува „Хуриет дејли њуз“.

sirija buntovnici

Анкарското обвинителство минатиот месец почна истрага за киднапирањето на турските граѓани од страна на ИДИЛ. Како главен осомничен во истрагата е посочен лидерот на организацијата Абу Бакр ал Багдади. Освен тоа било утврдено дека двајца турски граѓани, идентификувани како Исмет А. од Анкара и Мурат Г. од Коња се дел од командниот состав во камповите за обука на ИДИЛ.

Обвинителството побара од разузнавачката агенција МИТ и Министерството за надворешни работи да ги истражат врските на ИДИЛ во Турција и да го проучат раководството на групацијата.

Во рамки на истрагата ќе бидат сослушани и сведочењата на 32-цата турски возачи, кои беа киднапирани од ИДИЛ и ослободени на почетокот на овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top