Иако нивниот брак важеше за еден од најсреќните во Холивуд цели 12 години, поради разни притисоци и тешкиот период низ кој минуваа сепак се разделуваат. Мајкл Даглас (68) се бори со ракот на грлото, Кетрин Зета Џонс (43) има психолошки проблеми па затоа уште летото одлучиле дека не можат да живеат заедно, пренесуваат медиумите.
Мајкл се преселил во изнајмена куќа на одредено време, а болеста на актерката кои некои поедноставно ја нарекуваат тешка депресија, и беше откриена неодамна, а се манифестира преку чести и екстремни промени во однесувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.