| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ја декласира Австрија со 27 поени разлика

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја победи Австрија со 98-71 во првиот меч на новиот селектор Александар Џикиќ. И без главните адути од претходните акции, како Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Лестер Бо Мекејлеб и Владо Илиевски, македонските репрезентативци ја декласираа Австрија во Охрид.

Исходот на тест дуелот со Австријците беше извесен уште по првото полувреме кога водевме со 51-38, а по третиот период веќе имавме предност од 20 поени разлика 77-57.

Последната четвртина Џикиќ ја искористи да им даде можност и на останатите кошаркари, но на крајот беше задржана убедливата предност, за триумф од 98-71.

Најефикасен во нашиот национален тим беше Бојан Трајковски со 20 поени, а Дамјан Стојановски беше стрелец на 17 поени.

Денеска македонската кошаркарска репрезентација ќе игра против Романија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top