| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо продолжува со фантастичните засилувања

Досегашниот лев бек на мадридски Атлетико бразилецот Филипе Луис е нов играч на Челси. Ова е објавено на официјалната страна на клубот од Лондон каде се наведува дека е постигнат договор со Атлетико Мадрид за левиот бек на актуелниот шампион.
Сега останува уште играчот и клубот да ги договорат личнити услови по што ќе следи официјална презентација на Луис на Стемфорд Бриџ.
Ова е трето големо засилување за Жозе Мурињо кој претходно на негово барање клубот ги донесе Диего Коста и Сеск Фабрегас.
По најавите дека Манчестер Јунајтед ќе гради дрим-тим за следната сезона се чини дека и сопственикот на Челси рускиот тајкун Роман Абрамовиќ не седи со скрстени раце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top