| четврток, 6 декември 2018 |

Кери:Американците имаат право да бидат глупави

Американскиот државен секретар, Џон Кери одржа предавање пред германските студенти во кое ја бранеше слободата на изразување, на религија и мислење и притоа порача:„Во Америка имате право да бидете глупави ако сакате”

Dzonkeri
-Ние како земја, како општество ја негуваме идејата за верската слобода и толеранција, без разлика на верата и политичката слобода и толеранција, без разлика на точката на гледиште- рече Кери пред студентите за време на денешната посета на Берлин.

Тој истакна дека луѓето понекогаш се прашувале зошто американскиот Врховен суд дозволува на една или на друга група да одржува паради, иако е тоа најпровокативната работа на светот, и да носат транспаренти со кои навредуваат една или друга група.

-Причината е слободата, слободата на говорот. Во Америка имате право да бидете глупави ако сакате. И имате право да бидете одвоени од некој друг ако сакате. И ние тоа го толерираме. Јас сметам дека тоа е доблест.Сметам дека тоа е нешто за што вреди да се бориме. Важно е да се биде толерантен кон поинакво мислење- истакна тој.

Тој во разговорите со дипломатите и студентите посвети посебно внимание и на времето кое го поминал во Берлин во педесетите години како син на американски дипломат и притоа раскажа приказна за тоа како со велосипед скришно влегол во источен Берлин.

-Имав големи авантури. Јас и мојот велосипед бевме најдобри пријатели. Еден ден се возев по булеварот и не видов ништо друго освен рушевини. Почувствував непријатност поради тоа, па веднаш се вратив дома и гордо им раскажав на родителите што ми се случило, каде сум бил, а тие ме казнија-раскажа тој, додавајќи дека тогаш ја видел за прв пат разликата меѓу Истокот и Западот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top