В четврток, на 17 јули, во кафе-книжарницата „Магор“, во Порта Буњаковец во 11 часот ќе се одржи промоција на книгата „И јас ја сакам Македонија“. Автори на книгата „И јас ја сакам Македонија“ се Фатма Бајрам Аземовска, Севдија Демирова Абдулова и Станче Димковска.
Промотор на книгата е Ана Зафирова, свое обраќање ќе имаат Севдија Демирова Абдулова и Станче Димковска.
Книгата „И јас ја сакам Македонија“ е поддржана од Владата на Република Македонија и од Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.