Миранда Кер
Убавата манекенка и мајка ужива на плажа и шри љубов. Миранда со своите фанови на Твитер сподели слика на која позира во бикини со животниски принт, додека со рацете прави облик на срце. По згодната Австралијанката сигурно сите се вртат на плажа.
Хајди Клум
Хајди ја заскокотка фантазијата на своите фанови со слика на која се сонча топлес, но се погрижи да покаже доволно, а да не се види се. Германката се пофали со оваа слика, на која ужива на тропските острови и се сонча.
Кармен Електра
Секси актерката тврди дека вака изгледа додека гради дворец од песок. Таа уште еднаш покажа зошто важи за една од најсексипилните жени во Холивуд
Кара Делевињ
Британската манекенка праќа поздрав од Бали и тоа на свој начин. Кара поставила слика на која е целосно гола, а најинтимните делови ги покрила со две батериски лампи и сообраќаен знак.
Селена Гомез
Младата пејачка очигледно ужива во бањањето и не се грижи што цела е намачкана со песок. Селена во минијатурно жолто бикини и изгледа занесно
Ирина Шајк
Вака изгледа една од најсексапилните жени на плажа. Ирина гордо го шета костумот за капење, кој едвај и ги покрива градите, додека бујната коса и се вее на ветрот.
Петра Немцова
Петра ужива на Хаити, а на социјалните мрежи реши да ја изрази својата благодарност спрема природата.-Благодрам на сонцето, морето и песокот-напишала згодната Чехиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.









