| четврток, 6 декември 2018 |

Жито Маркети ја започнаа својата нова кампања за хуманост преку Клубот на верни купувачи

 

 Zito Marketi_Klub na prijateli lojalna karticka

Со кампањата чие лого е „Навика да добивам повеќе“ Жито Маркети овозможува за граѓаните да донираат за хумани цели а притоа и самите да користат бројни поволности во секојдневното пазарување. Кампањата ќе се спроведува преку членување во Клубот на верни купувачи на Жито Маркети, членство со коешто се добива лојална картичка за достапност на големи попусти и промотивни акции.

Klub na verni kupuvaci

Клубот на верни купувачи нуди happy hour акции, дневни, викенд, неделни па се до месечни акции и уште многу други специјални промоции и изненадување. Жито Маркети со вака осмисленото функциoнирање на лојалната картичка за купувачите овозможува ексклузивни и единствени поволности.

Член во Клубот на верни купувачи може да биде секој и со тоа да ја добие лојалната картичка во кој било Жито Маркет. Жито Маркети го плаќа членството, а издвоените средства од членарината потоа ќе бидат наменети за донација во некоја од институциите избрани по препорака од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство.

Посетете ја фб страната какои веб страната на Жито Маркети како би биле во тек за сите акции, промоции и новитети кој ги има секојдневно во маркетите на Жито.

https://www.facebook.com/zito.marketi

http://zitomarketi.com.mk/

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top