Под мотото „Заедно да помогнеме“, „Жито маркети“ започна кампања за помош на семејствата од Србија и од Босна и Херцеговина чии домови беа поплавени. Донаторската кампања е креирана со цел да ги вклучи и граѓаните и коминтентите на „Жито маркети“ преку нивни донации.
Во сите 32 супермаркети се продаваат најлонски ќеси создадени наменски за донаторската акција, како и чоколадни бонбони. Преку купување на ќесите и чоколадните бонбони со слоганот на кампањата, граѓаните и самите ја поддржуваат и донираат за оштетените семејства.
Собраните средства ќе бидат наменети за купување на медицински и хигиенски препарати.
– Го следиме сѐ она што се случува во областите погодени од поплавите и трагедијата со која се соочија стотици семејства. Исто така, ги следевме препораките на Црвениот Крст во однос на доставената помош и заканата од вториот бран опасност после разорните поплави. Затоа ја создадовме кампањата на овој начин, со овозможување и граѓаните да се вклучат со свој придонес, сакаме да ја подигнеме свеста за опасноста што може и нас да ни случи а не само на нашите соседи. Преку испраќање на ваква помош ние се заштитуваме и себеси, затоа што заканите од инфекции и заразни болести не признаваат граници – изјави Далибор Ѓошевски, генерален извршен директор на „Жито маркети“.
Содржината на хуманитарната помош ќе биде составена со експертска и консултантска помош на медицински тим во кој како дел од тимот ќе учествуваат и медицински стручни лица од Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Скопје.
– Универзитетската Клиника по хируршки болести „Св Наум Охридски“ во своето 52-годишно постоење е сведок на природните катастрофи (скопскиот земјотрес, поплавите) и сеќавањата на истите сѐ уште постојат. Како медицински лица свесни сме и за последиците што истите можат да ги предизвикаат по здравјето на луѓето и во вториот и третиот удар од нивното настанување. Поплавените подрачја сега ќе се соочат со многу закани од заразни болести и инфекции. Ние имаме искуство со справување со кризни ситуации и со задоволство ќе го ставиме на располагање нашиот медицински стручен тим и преку советодавна и експертска помош ќе ја поддржиме донаторската кампања на „Жито маркети“- изјави д-р Јасминка Чабуковска Радуловска, директор на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лила во хуманитарна акција: Во денешно време тоа што ни остана е да покажеме дека сме луѓе !
-
Собрани сретства на хуманитарен базар за децата од Домот без родители „11 Октомври“
-
Еден тон капачиња им донесоа еден тон среќа на четири семејства
-
Со стендап на Сашко Коцев почнува хуманитарната акција на МНТ