| четврток, 6 декември 2018 |

Јубилејни дваесет и пет години „Жито Велес“

Друштвото за производство, трговија и услуги „Жито Велес“, одбележува дваесет и пет години работа на пазарот. Јубилејот, четврт век постоење ќе го означи со бројни активности а најавува и големо изненадување.

– Да се започне бизнис со малопродажба во тогашни услови беше навистина храбар чекор, но развивањето на истиот во денешни услови и достигнување до бројка од 25 години работа на пазарот е нешто што подразбира внимателна стратегија за развој, посветеност, постојано редефинирање на услугите и секако инвентивност во привлекување на купувачи. Дваесет и пет години постоење и 32 маркети потврдуваат дека сме на вистинскиот пат, што се надевам дека ќе не однесе кон уште еден поголем јубилеј – изјави Далибор Ѓошевски, генерален извршен директор.

Првиот „Жито маркет“ е отворен во Велес, а до денес „Жито“ израсна во ланец од 32 дисконт-маркети низ целата држава. Започнувајќи и продолжувајќи и денес како семеен бизнис, оваа компанија успехот го постигна преку специфичниот начин на работа, секогаш фокусирани врз потрошувачот. Покрај тоа се издвојуваат и со развојот на сопствен бренд „Жито“ што го оценуваат како неопходен чекор во работата со малопродажен ланец.

Малопродажниот синџир „Жито Маркети“ е добитник на бројни признанија меѓу кои за најдобар трговски објект во категоријата на супермаркети, признание дадено врз основа на брзото проширување и компаниските вредности, услужливост и достапност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top