| четврток, 6 декември 2018 |

Девет сообраќајки за 24 часа

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во
кои со телесни повреди се здобиле пет лица.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 26 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 18 возачи се движеле со брзина поголема д 90 километри на час во населено место, двајца возачи не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосниците, како и 10 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 41 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно-воспитните акции, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе одржи едукативно предавање во детската градинка „Сончогледи“, која се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top