| четврток, 6 декември 2018 |

Бразилците го посакуваат Специјалниот

По откажувањето на Луис Фелипе Сколари од местото селектор на Бразил, во локалните медиуми се појави информација дека Бразилците го посакуваат Жозе Мурињо на испразнетото место за предводник на националниот тим.
Репрезентацијата на Бразил важеше за еден од фаворитите за освојување на првото место на мундијалот, но Луис Фелипе Сколари не успеа во тоа.
Во полуфиналето Бразил беше декласиран од Германија со 1-7 и го доживеа најголемиот пораз во историјата на Светското првенство. Потоа домаќините загубија и од Холандија со 0-3 во борбата за третото место.
Тоа беше основна причина што Сколари мораше да го напушти местото селектор на петкратниот светски шампион, а медиумите во Бразил почнаа да шпекулираат со името на неговиот наследник.
Прв меѓу нив, ни помалку ни повеќе, е Жозе Мурињо, кој е на клупата на Челси. Тој се споменува како потенцијален наследник на Сколари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top