| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовницата на Пикасо за 45 милиони долари

061017_wynnPicasso_vmed_6p.grid-6x2

Портретот на Марија-Тереза Валтер, кој го наслискал Пабло Пикасо, продаден е на аукција во Лондон за 45 милиони долари

Портетот „Жена која седи на прозорец“ кој Пикасо го насликал во 1932 година, замилан во рацете на непознат купувач кој лицитирал преку телефон.

Според соопштението на аукциската куќа од Лондон се очекувало сликата да се продаде за 39 или 45 милиони долари, но аукционерите застанале на 45 милиони долари.

-Воодушевени сме што овој монументален портрет, кој претставува серија слики, кои не запознаваат со неговата „златна муза“ е прикажан во јавноста, но и што е продаден за толкава сума, вели Хелен Њуман од аукциската куќа.

Големиот уметник ја запознал својата муза во Париз во 1927 година. Веднаш по запознавањето започнала врската со Марија, која тогаш имала 17 години. Долго време врската ја одржувале во тајност поради разликата во годините, бидејќи Пикасо тогаш имал 45, а Марија, 17 години, но и поради фактот што во тоа време Пикасо сеуште бил во брак со руската балерина Олга Коклова. На крајот Марија ја родила ќерката Маја.

Марија-Тереза Волтер му била инспирација за многу дела, меѓу кои најпознати се „Сон“ и „Мртва природа со лалиња“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top