| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен бројот на слетувања со приватни авиони во Охрид

охрид

Охрид ги привлекува и најбогатите туристи. Само во јуни двојно зголемен бројот на приватни авиони кои слетале на аеродром Апостол Павле, јавува Сител.

Директорот на ТАВ Македонија Крстевски вели дека аеродромските такси се премногу ниски или околу илјада денари од ден што е главна причина побогатите туристи да се одлучуваат во Македонија да допатуват со приватен авион.

Протокот на патници пак на двата аеродрома во јуни се зголемил за 25 проценти. Според меѓународниот совет на аеродроми, Александар Велики од стартот на годинава е најдобар во категоријата на аеродроми со капацитет до 5 милиони патници годишно.

Крстевски вели дека со дополнителните најавени евтини линии како и чартер летовите во екот на сезонава ќе придонесат годинава да се надмине бројката од еден милион патници на двата македонски аеродроми

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top