Ако сакате да ослабеете неколку килограми пред да одите на летување, убаво е да знаете кои пијалоци може да ви помогнат во слабеењето…
Коктелите, шејковите и соковите освежуваат, но содржат голема количина на калории. За среќа, можете да ги пиете овие освежителни пијалоци, а во меѓувреме да слабеете.
Јаболков оцет

Ладната вода е секако најдобар пијалок за слабеење, но само вода понекогаш е и здодевно. Додадете и малку вкус со лимон, ѓумбир и јаболков оцет и разблажете го сето тоа со малку стевија. Јаболковиот оцет го намалува шеќерот во крвта и така спречува насобирање на маснотии.
Лимон

Еден цел лимон содржи помалку од 1 гр шеќери, затоа е идеална состојка за летни пијалоци. Ставете неколку парчиња лимон во вода со лед, ќе добиете извонреден освежителен вкус.
Кефир

Обидете се да пронајдете кефир без маснотии. Тој е преполн со протеини, а ако нема масти, значи дека нема ниту многу калории.
Лимета

Оваа волшебна состојка ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми. Лиметата нема ниту калории, ниту шеќери како лимонот, затоа е одлична. Поради големото количество на витамин Ц ви го зајакнува имунитетот и одлична за детоксикација на организмот.
Лубеница

Ова божествено овошје содржи многу малку калории (1 чаша содржи само 45 калории), затоа е одлично овошје за лето. Лубеницата не е добра само за половините, туку и за општото здравје, затоа што го намалува ризикот за добивање на рак, мозочен удар и срцеви заболувања.
Цитрон

Цитронот е еден од најпознатите овошја за слабеење. Полн е со витамини, антиоксиданти, влакна и ликопен, затоа помага во детоксикација и слабеење, како и за зајакнување на имунитетот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


