Постојат многу начини на кои можете да се ослободите од вишокот килограми, од промена на начинот на исхрана, вежбање, до разни пијалаци. Но, новата студија препорачува нова диета која ќе ги стопи вишокот килограми – и тоа буквално!
Всушност, станува збор за ледена диета, а се што треба да направите е да додадете лед во својата исхрана, вели д-р Брајан Вернер.
Се разбира, тоа не значи дека треба да јадете само коцки лед. Наместо тоа, тој препорачува со здрав начин на исхрана секој ден на внесувате отприлика еден литар дробен мраз.
Внесувањето лед ќе го забрза метаболизмот, бидејќи за негово топење е потребна енергија, вели д-рВернери додава:
– Доколку внесувате еден литар лед тоа ќе согори околу 160 калории, што е еднакво на трчање 1,6 километри.
Ледената диета функционира благодарение на зголемување на базалниот метаболизам. Кога внесувате поголема количина на мраз во својот организам, телото мора да согори енергија за да го загрее мразот на температурата на телото. Исто така, јадењето на мраз може да обезбеди одредено ниво на ситост – заклучува д-р Вернер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.