| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел бара ограничување на безбедносната соработка со служби од САД

Кабинетот на германската канцеларка, Ангела Меркел, побара од германските разузнавачки служби ограничување на најнужна мерка во соработка со американските партнерски служби, објави „Билд“ повикувајќи се на извори во безбедносните
служби.

merkelzakana

Таа мерка ќе важи „до следна наредба“ и се однесува на сите кооперации кои не погодуваат непосредни сигурносни интереси на Германија како безбедност на германски војници во Авганистан и други странски воени мисии или одбрана од тероризам.

Владата во Берлин го зголемува притисокот врз САД како реакција на американската шпионска афера во Гермнаија, објавува „Шпигел“.

Германската влада вчера, откако дознале дека службеник во МО исто така шпионирал за САД, побарала дипломатско решение – контакт агентот на ЦИА во Берлин да ја напушти Германија, што се случува првпат во повоената историја на државата да се побара напуштање на територијата на американски претставник.

Американско-германските односи поради шпионирањето се во криза, оценуваат аналитичари, а засега од американската влада нема коментари. Германското државно обвинителство води истрага против еден агент на германската Сојузна разузнавачка служба и против еден службеник во германското МО кои се осомничени дека шпионирале во корист на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top