| четврток, 6 декември 2018 |

Металург пресилен за аматерите од Андора

Фудбалерите на Металург ја спасија честа на македонските претставници во квалификациите за настап во Европа Лигата и ќе играат во втората рунда, по новата убедлива победа против Санта Колома од Андора.

Вечерва во Скопје, металурзите славеа со 2-0, како потврда на разликата во квалитет и печат на пласманот во второто квалификациско коло. Во првиот меч на гости Металург победи со 3-0.

Со головите на талентираните Ѓорѓиевски и Симоновски уште по првото полувреме беше јасно дека Металург само ќе стави печат на сигурниот пласман во следната квалификациска рунда, каде противник ќе им биде Железничар од Сараево.

Претходно Шкендија и Турново испаднаа, а сега Металург во квалификациите за ЛЕ и Работнички, кој ќе игра со Хелсинки ќе ги бранат боите на македонските претставници во квалификацискиот филтер за ЛЕ и ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top