| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските одбојкари со нов подвиг, падна и Црна Гора во првиот полуфинален меч

Македонските одбојкари продожија со чудесно добрите игри, а вечерва ја победија и Црна Гора со 3-1 во првиот полуфинален меч во Европската лига.

Во Скопје вечерва нашите одбојкари доминираа и остварија солидна предност пред реваншот во среда во Будва. Македонија за првпат игра во Европската лига и веднаш има шанса за пласман во финалето.

Тоа вечерва го најавија Симовски, Ѓорѓиев, Деспотовски и сите останати наши репрезнтативци со прекрасна игра. Поведовме со 1-0, откако го добивме првиот сет со 25-23, а по голема битка зголемивме на 2-0 со триумфален поход и во вториот сет кој заврши со резултат 25-22 во поени за Македонија.

Црногорците возвратија во третиот сет, славеа со 25-21 и намалија на 1-2, но избраниците на Ристоски не дозволија пресврт и со триумфален финиш го добија четвртиот сет со 25-20, за блескава победа од 3-1 во сетови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top