| четврток, 6 декември 2018 |

Три најбрзи летни диети

Диета со овошје и со зеленчук

Како дејствува?

Во овошјето и во зеленчукот се наоѓаат многу здрави состојки кои не содржат маснотии, како и материја која бргу ќе ве заштити и ќе го подобри варењето.

План на исхрана:

Појадок: Измешајте еден јогурт со 300 гр сезонско овошје (јаболка, кајсија, праска, малини, боровинки…).

Ручек: 300 мл бистра супа и 300 гр варени и згмечени моркови.

Вечера: Мешана салата од овошје или од зеленчук.

Совет: Бананите и грозјето имаат многу шеќер, па затоа во текот на оваа диета обидете се да ги избегнувате. Слично е и со маслинките, треба да се избегнуваат поради големата количина масти што ги содржат.

Диета со ориз

brzadieta2

Како дејствува?

Малите зрна од оризот се многу вкусни, а исто така содржат и многу витамини. Со тоа, благодарение на калиумот, оризот го исфрла вишокот вода од организмот.

План на исхрана:

Појадок: Салата од сезонско овошје.

Ручек и вечера: Одберете 200 гр ориз и поделете го на две порции кои ќе ги јадете во текот на денот. Една порција изедете ја со пире од јаболка, а другата со 300 гр динстан зеленчук со лажичка масло за јадење.

Совет: Оризот се готви 40 минути без сол затоа што солта ја задржува водата во телото. Наместо сол, зачинете го со цимет или некоја билка што дејствува како зачин (рузмарин, мајчина душица…).

Диета со компир

brzadieta3

Како дејствува?

Компирот е идеална намирница за диета затоа што не содржи маснотии, има многу калиум и со своите 70 калории на 100 гр создава чувство на ситост, а не дебелее.

План на исхрана:

Појадок: Едно парче интегрален леб со филе од лосос или со 50 гр младо сирење со ниско ниво на масти.

Ручек: Два варени или печени компири кои може да ги зачинете по желба и да ги изедете со 150 гр посна павлака.

Вечера: 200 гр компири пригответе ги со 350 гр динстан зелечук (пиперка, брокула, карфиол, домати).

Совет: Компирот варете го со лушпата, затоа што во неа се ’крие‘ витамин Ц кој придонесува за слабеењето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top