Новоформираната индустриска зона во Неготино може да почне да се гради. Во тек е оглас на кој се бараат инвеститори за 10 градежни парцели на кои ќе можат да се градат индустриски објекти и стоваришта. Според објавата на Министерството за транспорт и врски, преку електронско јавно наддавање на продажба се нудат 10 локации државно градежно неизградено земјиште на 10-те локации со намена за објекти од лесна индустрија и стоваришта со површини од 4.300 до 18.315 метри квадратни, со процент на изграденост 70 проценти.
Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од квадратен метар. Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 28 овој месец на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk. Наддавањето за сите парцели ќе се одржи на 31 јули во девет часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


