Словенечкиот Парламент на вонредната седница ќе се изјасни за процедурата за гласање недоверба на Владата на премиерот Јанез Јанша, по одлуката донесена од Колегиумот на шефовите на пратеничките групи во Собранието.
Доколку биде усвоена процедурата, гласањето за недоверба се очекува доцна во попладневните часови, а потоа и гласањето за доверба на мандатарот за составување нова влада, вршителот за должноста претседател на Позитивна Словенија, Аленка Братушек.
Пратениците најпрво ќе се изјаснат за кандидатурата на шефот на пратеничката група на Социјалдемократите Јанко Вебер за нов претседател на Парламентот, по што следува расправата за постапката за гласање недоверба на Владата на Јанша.
Вонредната седница ќе почне со воведно излагање на шефот на пратеничката група на ПС Јани Медерндорфер кој ја покрена процедурата за гласање недоверба на Владата на Јанша. По Модерндорфер на пратениците својата програма ќе им ја претстави Братушек, по што обраќање ќе има Јанша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.