| четврток, 6 декември 2018 |

Бијонсе открила дека има уште една сестра

  bijonse

Пеачката можеби има уште една сестра, вонбрачно дете на таткото Метју Нолс.

Бијонсе има затегнат однос со таткото кој долги години беше и нејзин менаџер, пред да го отпушти. Метју кој со нејзината мајка Тина бил 31 година во брак, признал дека во текот на бракот имал афера од која го добил вонбрачниот син. Тогаш тој и Тина се развеле.

Бијонсе и нејзината сестра Соланж не присуствувале на венчавката на својот татко, кој во Тексас на почетокот на годинава се ожени со манекенката Џина Ејвори.

Сега бившата манекенка Такоја Бренскомб го тужи Нолс и тврди дека тој е татко на нејзината ќерка, родена во 2010 година. Таа бара Нолс да направи ДНК тест и да и плати алиментација и судски трошоци.

Метју и должи на мајката на своето прво вонбрачно дете повеќе од 45.000 долари, а се уште не се огласил по повод информацијата за друго вонбрачно дете.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top