| четврток, 6 декември 2018 |

„Александарленд“ тематски парк во Солун

Во Солун ќе се гради тематски парк посветен на Александар Велики. Овој амбициозен план го соопшти заменик-гувернерот на грчката област Централна Македонија, Јоргос Цамаслис, кој е одговорен за Солун, информирајќи дека паркот ќе зафаќа површина од 30 хектари.

Проектот е насловен „Александарленд“, а посетителите ќе имаат можност детално да се запознаат со животот на македонскиот крал од неговото раѓање, детството, преку образованието и обуката, до неговите походи за освојување на светот, соопшти Цамаслис. Паркот ќе изобилува со интерактивни екрани, симулации на борби, аудио-визуелни презентации и изложби.

Студијата за паркот им е доверена на експерти од универизтетот Аристотел, а за финансирање на изградбата ќе бидат поканети и заинтересирани меѓународни инвеститори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top