Лубеницата е одличен начин да се освежите, но и да ги загубите вишокот килограми. Ова овошје помага во губењето килограми благодарение на тоа што брзо заситува, но и и одличено делува на системот за варење. Освен тоа, природно е блага, па помага кога доаѓа кризата за чоколадо или сладолед.
Лубеницата содржи висок процент на вода, дури 92 отсто, а има ниска калорична вредност: 100 грама лубеница има само 30 калории, па затоа е вистинска замена за слатки. Но, поради високиот состав на гликоза, лицата со вишок килограми не треба да ја јадат во големи количини.
Постојат повеќе видови диета со лубеница. Петдневна детокс диета со лубеница е најпопуларна и дава одлични резултати. По пет дена се прави пауза од една недела, а потоа, по желба, може да се продолжи. За време на диетата секој ден треба да се пие осум чаши вода, чај или свежо цеден сок.
Појадокот секој ден е ист: една кришка лубеница и чај или кафе. Кришката лубеница треба да биде меѓу 300 и 350 грама.
Прв ден
Ручек: 100 грама готвено говедско, 100 грама обарен ориз во доматен сос и една кришка лубеница.
Вечера: 50 грама сирење еднно парче леб
Втор денРучек: тост, 50 грама готвени пилешки или гради од мисирка, кришка лубеница.
Вечера: 100 грама риба на скара, едно парче леб, сезонска салата
Трет денРучек: 30 грама шпагети со сирење и домат, кришка лубеница
Вечера: мешана салата од домати, краставици, пиперки, кромид и зелена салата, 50 грама сирење кришка лубеница.
Четврти ден
Ручек: супа од зеленчук, едно парче леб, 50 грама пилешко, кришка лубеница
Вечера: 2 варени компири со пармезан, сезонска салата, кришка лубеница
Петти ден
Ручек: 50 грама готвено говедско со печурки, парче леб, кришка лубеница
Вечера: 50 грама сирење, 2 парчиња леб и кришка лубеница
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.