Првиот победник на „Дурекс турнирот“ во одбојка на плажа се тимот „Риал фил“ (Real Feel). Победничкиот тим составен од Мартин Стоиловски и Еми Веселкоска беа наградени со таблети.
– За нас овој натпревар претставуваше предизвик, со тоа што освен натпреварувачки дух имаше и едукативен дел. Се надеваме дека со ова ќе ги поттикнеме младите да ги користат производите на „Дурекс“ за заштита од сексуално преносливи инфекции, ХИВ/СИДА и непланирана бременост – изјавија од тимот Real Feel.
Второ пласираниот тим „Џинс“ (Jeans) – Виктор Герасимовски и Елена Мароска освоија фотоапарати, додека третото место го освои тимот „Пјур фентаси“ (Pure Fantasy) – Александар Василевски и Ангела Илиевска, кои беа наградени со мп3 плеери.
Судијата имаше напорен викенд да ги оценува натпреварите на осумте тима кои играа два на два, составени од едно момче и една девојка.
За овој натпревар имаше пријавени дваесет и осум тима, но беа избрани само осум тима коишто ги исполнуваа правилата од брендот „Дурекс“.
– Среќни сме што имаше голем број на пријавени кои земаа учество на натпреварот. Беа одбрани само осум тима кои беа именувани според продуктите на Дурекс, Jeans, Pleasure Max, Comfort Xl, Lovers Connect, Tropical, Pure Fantasy, Vibrating Ring, Real Feel со брендирани маици. Турнирот имаше повеќеслојна функција, пред се забава, инспирирање на младите за спортување во двојки и можеби најважната – едукација за заштита од несакана бременост и сексуално преносливи инфекции. Им благодариме на сите млади луѓе кои учествуваа и се надеваме дека Дурекс турниот во одбојка на плажа ќе прерасне во традиција – додаде Елена Гагиќ, од „Меркур трејд“ генерален дистрибутер на „Дурекс“ во Македонија.
Додека младите парови-одбојкари си ги измеруваа силите на теренот, „Дурекс“ девојките ја едуцираа публиката за сексуално и репродуктивно здравје. Сите навивачи на натпреварот беа изненадени со „Дурекс“ производи додека ги забавуваше диџеј Бороу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Започна сезоната за одбојка и ракомет на игралиштето на песок на Градска плажа „Парк“
-
Македонците користат лубриканти и секс играчки и се претпазливи при сексуалниот чин
-
Падна првата допинг жртва, Италијанката Викторија Орси Тот си оди дома
-
Стартуваше меѓународниот одбојкарски турнир на плажа, „Сателит Скопје 2015“