Денеска официјално на двете игралишта покрај кејот на реката Вардар кај градската плажа Парк, стартуваше меѓународниот одбојкарски турнир на плажа „Сателит Скопје 2015“.
Турнирот е превиден да трае цела недела, а за отворен го прогласи градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски кој е и главен покровител на турнирот.
– Ми претставува големо задоволство да ве поздравам и да ви посакам срдечно добредојде во Скопје, главниот град на Република Македонија, кој до 23 август ќе биде домаќин на 6. по ред меѓународен турнир во одбојка на песок. Честа и гордоста се уште поголеми, што како градоначалник на Град Скопје, во името на граѓаните на Скопје, можам да истакнам дека за првпат во историјата, во нашиот град се одржува САТЕЛИТ турнир во одбојка на песок кој е влезен во официјалниот календар на ЦЕВ (Европската одбојкарска конфедерација). Навистина ме радува, но уште повеќе и обврзува податокот дека нашите напори во успешната организација на турнирите во изминатите 5 години, вродија со плод, односно дека Меѓународниот турнир во Скопје веќе стекна имиџ на висококвалитетен турнир, кој излезе и надвор од балканските рамки. Потврда за ова секако е рекордниот број на натпреварувачи од следните 20 држави: Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Англија, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Латвија, Норвешка, Полска, Русија, Сан Марино, Србија, Швајцарија, Турција и домаќинот Македонија – истакна градоначалникот Коце Трајановски.
На свеченото отворање на турнирот присуствуваа и Генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија, Зоран Карановиќ, директорот на агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасевски, главниот ревизор на ЦЕВ, Филипе Пасквал и Претседателот на комисијата за спорт на Советот на Град Скопје, Александар Бичикиски.
На овој турнир ќе настапат само екипи во машка конкуренција, а Градот Скопје финансиски го поддржува турнирот со 800.000 денари, како и со логистичка поддршка од градските јавни претпријатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром
-
Трајановски и Мисајловски на средба со граѓаните и пазарџиите на пазарот во Ѓорче Петров (ФОТО ГАЛЕРИЈА)