Олимписките игри во Рио се уште не започнале, а веќе има допинг жртви.
Станува збор за италијанската одбојкарка Викторија Орси Тот, која паднала допинг тестот. Резултатите покажале дека е пронајдена сустанцата клостебол ацетат која е забранета од Меѓународната антидопинг агенција (ВАДА).
Тот требаше да ја претставува Италија на одбојка на плажа. Инаку тестот бил направен уште на 19 јули во Рим, но веста сега беше потврдена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.