Голем број од Македонците преферираат да користат лубриканти и други сексуални помагала, покажа истражувањето спонзорирано од компанијата за презервативи „Дурекс“. Анкетата спроведена на репрезентативен примерок од 811 испитаници, уште покажа дека Македонците се претпазливи и внимателни, поточно 70 отсто или 566 од испитаниците при сексуалниот чин задолжително користат кондоми.
Македонците се едуцирани и запознаени со различните типови кондоми, соодветно на желбите како и за мултифункционалната намена на лубрикантите. Во доделувањето довербата, најчесто го избираат брендот „Дурекс“ и најмногу ги купуваат и користат производите од овој бренд, така што дури 92 отсто или поточно 729 испитаници, се изјасниле дека ги користат овие презервативи.
Исто така, голем број, односно 89 oтсто или 720 испитаници изразиле желба за поголема достапност до презервативи со продажба преку автомати и изразиле поддршка за поставување на автомати за презервативи на повеќе локации низ државата.
Со цел да добие што порелевантни информации директно од потрошувачите, aнкетата беше спроведена на национално ниво, анонимна и беа вклучени граѓани од сите возрасни групи, пол и занимање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.