| четврток, 6 декември 2018 |

Во Приштина запалено македонското знаме

makedonsko-zname1

На протестот одржан во Приштина против „насилството врз Албанците во Македонија“ пред македонската амбасада запалено е македонското знаме.

Протестот почнал од плоштадот Скендербег, па продолжил до амбасадата на Република Македонија со носење и извикување пароли „Скопје на Албанците“, „Али предавник“ „ Скопје, Приштина не те остава само“,…

Од протестот бил упатен апел до Косово и до Албанија да го запрат „шовинистичкото насилство врз Албанците во Македонија“. Побарале, исто така, да не се екстрадираат осудените во „Монструм“ зашто судскиот процес бил политички монтиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top