| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Орав – Ахмети: „Монструм“ треба да се надгледува од искусни ексепрти од меѓународната заедница

аиво орав - али ахмети

Амбасадорот на Европската унија (ЕУ) во Скопје Аиво Орав во Мала Речица се сретна со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети. Орав рекол дека официјален Брисел заедно со претставниците на меѓународната заедница во земјава со внимание ги следат настаните во Македонија поврзани со случајот „Монструм“ во кој шестмина добија пресуда доживотен затвор откако пет лица го загубија животот.

Ахмети повторно ја нагласил потребата за мирна манифестација на незадоволството за да не се комплицира и отежнува уште повеќе овој случај. Лидерот на ДУИ очекува дека Апелациониот суд ќе ги земе предвид сите општествени смонежи во врска со развивањето на судењето во случајот Монструм и дека ќе одлучи праведно.

„Нарушениот кредибилитет на овој процес може да ја врати довербата на јавноста само преку еден транспарентен процес во кој што ќе се презентираат доказите и ќе се докаже вината. Овој процес треба да се надгледува од искусни ексепрти од меѓународната заедница кои ќе имаат целосен пристап врз целиот процес и сите докази. Претседателот Ахмети истакна дека ги разбира напорите на политичките сили како и на тие кои во иднина претендираат да станат такви, кои ги користат незадоволствата на граѓаните, но се надева дека ова искористување на ситуацијата не подразбира и поттикнување на насилство. Заедничка е одговорноста да се идентификуваат и да се надминат напорите за селективна правда, но и судиите и обвинителите кои ги вршат своите задачи со предрасуди, за да се подигне довербата на граѓаните во судските процеси“, соопшти ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top