На 9 јули, среда, тимот на „Лице в лице“ ја отвора групната изложба „Зелен клик“ на која ќе има фотографии, постери, илустрации и накит од електронски отпад од 15 уметници од земјава.
Изложбата е во „Ку Ла“ во Скопје со почеток во 20 часот, а на настанот ќе се доделат награди за најуспешните автори од повикот „Лице в лице со животната средина“, чии дела се исто така се дел од постановката.
Исто така, ќе го претставиме и новиот, 11. број на единственото улично списание во земјава, „Лице в лице“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.