Доколку прашањето за избор на претседател на косовскиот Парламент заврши на Уставен суд, Приштина би можела до есен да остане без влада, објави денеска косовскиот весник „Коха диторе“.
Косовската претседателка Атифете Јахјага вчера одлучи конститутивната седница на Парламентот да биде одржана на 17 јули и оттогаш тече времето за одредување на мандатар на косовската влада.
Кандидати за претседател на Парламентот се од предизборната коалиција Демократска партија на Косово, која има 37 пратеници и постизборната коалиција Демократски сојуз за Косово-Алијанса за иднина на Косово-Иницијатива за Косово која има 47 пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово