Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ја повика Владата во Киев на преговари со проруските сепаратисти, предупредувајќи дека нема чисто воено решение на конфликтот, се наведува во неговото соопштение, цитирано од француските медиуми.
-И покрај тоа што ситуацијата во Украина се промени во корист на украинските сили за безбедност, нема да има чисто воено решение на конфликтот, уште повеќе што повеќето сепаратисти во моментов се зацврстени во Доњецк, изјави Штајнмаер за време на својата посета на Монголија.
Германскиот шеф на дипломатијата подвлече дека проруските сепаратисти не учествувале на седницата на Контакт групата во Киев, на која учествуваат Украина, Русија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Штајнмаер преговорите ги нарече „особено тешки“.
-Сите страни ќе постапат разумно, доколку ги следат соопштенијата од Берлин што беа донесени во средата, подвлече Штајнмаер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.