Чамнан Уј (18) пред три години се преселила од мало село во престолнината Камбоџа. Нејзината мајка Ванит сакал да отвори фризерски салон, но немала доволно пари, па и рекла на тинејџерката дека ќе мора да спие со непознат маж, кој е подготвен да плати за нејзината невиност. Чамнан поминала шест дена во хотел со богаташ која барал секс на неколку часа, верувајќи дека така ќе го забави стареењето. Девојката била толку исцрпена, што третиот ден морала да прими витаминска инјекција како би издржала до крај на неделата. Се вратила дома уморна и осрамотена, но бизнисменот бил задоволен и на мајка ѝ и платил 1.200 евра.
Мажите од Кина, Сингапур и од Тајланд, исто така, се редовни муштерии. Избираат, главно, девојки стари од 13 до 18 години и ги третираат како своја сопственост.
– Кога ќе стигнат во Камбоџа, овде ги чека однапред подготвен пакет кој опфаќа престој во хотел со пет ѕвезди, неколку партии голф и една или две ноќи со девица – вели Ерик Мелдрум, британски детектив кој работи во Пном Пен.
Невладините организации немаат точен увид во бројот на камбоџиски девојки кои богатите ги третираат како стока, но веруваат дека се работи за неколку стотини годишно. Трговијата се одвива во тајност, во зачадени барови кои работат до утро. Таму бизнисмените ги одмеруваат тинејџерките и склучуваат договор со нивните родители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



